Блинкен ги отфрла повиците за превентивни санкции за Русија поради Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги отфрли повиците за превентивни санкции против Русија, велејќи дека тоа ќе ја поткопа способноста на Западот да ја одврати Москва од каква било понатамошна потенцијална агресија врз Украина. Зголемувањето на руската војска во окупираниот Крим и во близина на границите на Украина го вклучи алармот во западните престолнини дека инвазијата на Украина може да биде неизбежна. Ако Русија ја нападне Украина, Соединетите држави и нивните европски сојузници ветија економски санкции. Русија негира дека планира да ја нападне Украина.

Во Украина стигна воена помош од Соединетите Држави

„Кога станува збор за санкции, целта на тие санкции е да се одврати руската агресија“, изјави Блинкен за програмата „Состојба на Унијата“ на Си-Ен-Ен. „Значи, ако тие се активираат сега, ќе го изгубите застрашувачкиот ефект. Сите работи што ги правиме, вклучително и градењето на обединет начин со Европа е дизајнирано да влијае врз претседателот Владимир Путин“, додаде тој. Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака Западот да воведе санкции сега, тврдејќи дека моќните казнени мерки по потенцијалниот руски напад не прават ништо за да помогнат на неговата земја.

Блинкен и Лавров без договор за клучните прашања


„Санкциите се сметаат за превентивна алатка бидејќи може да се применат и потоа да се укинат. Ако има инвазија од Русија, дали воведувате санкции откако можеби веќе сме изгубиле неколку територии? Штом ќе воведете санкции, што ќе направи Русија?“, рече Зеленски во интервју за Вашингтон пост претходно оваа недела.