Повеќе дипломатија за намалување на тензиите со Украина

илустрација

Највисоките американски и руски дипломати се согласија да продолжат да работат на намалување на тензиите околу Украина, бидејќи Соединетите Држави ветија писмен одговор на руските безбедносни барања, а ја држат отворена и можноста за нова претседателска средба. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа вчера во Женева во, како што рече Блинкен, „критичен момент“ кога десетици илјади војници се распоредени во близина на руската граница со Украина.

Блинкен му рекол на Лавров дека САД ќе ѝ дадат на Русија писмени одговори на барањата на Москва следната недела и предложи двајцата повторно да се сретнат набргу потоа. Блинкен, исто така, рече дека САД и нивните сојузници остануваат решителни во отфрлањето на најважните барања на Русија, вклучително и ветувањата дека Украина никогаш нема да биде додадена како членка на НАТО.

Блинкен рече дека верува оти САД и Русија „сега подобро можат да ги разберат меѓусебните позиции“. Лавров ги нарече разговорите „конструктивни и корисни“ и додаде дека се надева оти „емоциите ќе се намалат“. Тој не можеше да каже дали разговорите се на добар пат, додавајќи дека повеќе ќе се знае кога Русија ќе го добие писмениот одговор од Соединетите Држави на сите нејзини предлози.