Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, на 19 и 20 јануари при контрола при влегување во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33), сите од Струмица, констатирале дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
МВР соопшти дека полициските службеници ги известиле инспекторите од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и дека се преземаат мерки за комплетно расчистување на случаите.