Владата на Молдавија денеска ќе побара од парламентот да воведе вонредна состојба, давајќи му широки овластувања за управување со енергетскиот сектор, како што е префрлање на снабдувањето со гас од индустријата до домаќинствата и користење буџетски средства за плаќање на горивото. До ова доаѓа откако рускиот Газпром го отфрли барањето на Молдавија за одложување на јануарската исплата на гас. Вицепремиерот Андреј Спину рече дека земјата може да плати 38 милиони долари од вкупната сметка од 63 милиони долари.
Русија вели дека не го користи извозот на гас како оружје. Навистина?
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера изјави дека продажбата на руски гас на Молдавија е комерцијална работа меѓу Газпром и поранешната советска република, но дека гасот се испорачува и дека треба да се плати. Молдавија и Гаспром договорија петгодишен договор кој започна на 1 ноември. За него е потребна претплата до 20-тиот ден од секој месец. Малата поранешна советска република воведе вонредна состојба во енергетскиот сектор на 30 дена и кон крајот на октомври лани.