Во Бугарија од денеска со задолжителен негативен ПЦР

илустрација

На сите државјани на Северна Македонија од денеска им е дозволен влез во Бугарија со приложување на валиден сертификат за вакцинација против ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест, информира Министерството за надворешни работи.

Германија ја врати Македонија на листата на високоризични земји со ковид

Од МНР нагласуваат дека по интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани. Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.