Барањето на Бугарија, Северна Македонија да ги запише Бугарите во Уставот, е мешање во внатрешните работи, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ 24. Тој посочи дека македонско малцинство во Бугарија има и дека своите права треба да ги бараат на индивидуално ниво.
„Македонци во Бугарија постојат. А дали ние од тука, како држава ќе се мешаме да ги помагаме нивните права, не. Зошто не? Правило број еден во меѓународно право, меѓународна политика, член два од Повелбата на ОН – важи за сите држави во светот: нема мешање во внатрешните работи на државата. Тие се бугарски државјани, граѓани на Република Бугарија. Ве уверувам дека македонската држава никогаш на ниво на држава не се обидувала таму да ги буцка, да ги провоцира, да им вели – излегувајте, да им дава помош. Тоа се решава на индивидуално ниво. Се чувствуваш како Македонец, ќе го кажеш тоа. Ако не ти даваат, одиш во Стразбур. Тоа е патот. Нема друг начин,“ изјави Пендаровски во 24 анализа.
Ахмети: Ништо лошо нема да биде ако го вметнеме бугарското малцинство во Уставот
Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков во вила Водно не спомнал дека барањето на Бугарија, Северна Македонија да ги запише Бугарите во Уставот, е мешање во внатрешните работи, затоа што тоа од него, како што вели, никој не го побарал.
„Ти не можеш од надвор да ми кажеш, тие се наши државјани. Постојат Бугари во Македонија, но нашите власти се надлежни за нивните права. Ако ние ги прекршуваме нивните права или тие не се задоволни како ние ги заштитуваме нивните права, тогаш тие ќе одат во Стразбур, но тие се моја грижа, зашто се мои, наши граѓани. Како што јас немам право и не смеам да кажам „ти ќе им ги дадеш правата на Македонците во Бугарија, така и тој нема право да ми каже дали треба или мора да ги впишеме Бугарите во уставот. Тоа е наша суверена одлука“, објасни претседателот.
Оптимисти, но без одговор на клучните прашања
Во интервјуто тој посочи и дека Владата има повеќе шанси да го заврши мандатот отколку да се оди на предвремени избори.
„Ако ме прашувате да се кладам денес, јас мислам дека Владата има повеќе шанси да го заврши мандатот отколку да се оди на предвремени избори, кои наспроти последните Локални избори и тие резултати не е баш сосема сигурно дека некој може да направи чисто мнозинство или да прави влада која ќе зависи само од една партија,“ изјави Пендаровски.
Мицкоски по средбата со Петков-Наместо блокади, потребни се мостови
Според него чесно е да им се даде шанса на новите луѓе во владата да покажат што знаат.
Претходно лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција по средбата со Петков во Собрането изјави дека мисли оти ништо лошо нема да и се случи на државата ако се прифати барањето бугарското малцинство да се воведе како уставна категорија.
Тој на новинарско прашање дали разговарале и за македонското малцинство во Бугарија, Ахмети одговори дека не разговарал за реципроцитет бидејќи, како што рече, „ние сме во ситуација во која треба со внимание да менаџираме зашто е стратешки интерес на нашата земја да имаме сигурност и функционална стабилност“.