Амбициозни и разочарани

СРБИЈА - Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград, откако беше депортиран од Австралија затоа што не беше вакциниран против ковид-19, ставајќи крај на неговите надежи да ја одбрани титулата на Австралија опен. Тој на аеродромот беше пречекан од мала група навивачи и поддржувачи кои вееја српско знаме.

ХРВАТСКА - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави дека од 5 септември годинава цените во продавниците во Хрватска ќе бидат и во куни и во евра. тој ги повика граѓаните кои дома чуваат куни да ги депонираат во банки за да може автоматски да се конвертираат во евра.

СРБИЈА - Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Владата наскоро ќе одлучи дали компанијата Рио Тинто ќе работи во Србија. Таа рече дека одлуката ќе биде донесена по консултации со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

МАКЕДОНИЈА / САД - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се сретна со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мери Брнс, која му посакала успех во спроведувањето на програмските цели на новиот владин кабинет меѓу кои и соработката со САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија е во врвот на приоритетите на меѓународната политика на земјата.

АВГАНИСТАН - Најмалку 12 лица загинале денеска во земјотрес во западен Авганистан, соопштија локалните власти.

БЕЛОРУСИЈА / РУСИЈА - Белорускиот лидер Александар Лукашенко најави дека заеднички воени вежби со Русија ќе се одржат во февруари, во близина на границите со Украина и источните земји-членки на НАТО.

САД / БИХ - Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Држави и специјален претставник на САД за Западен Балкан, изјави дека американските санкции против српскиот член на Претсеателството на БИХ Милорад Додик и други корумпирани функционери во регионот веќе вродуваат со плод.

АЛБАНИЈА - Уставниот суд на Албанија попладнево информираше дека е одложена расправата, закажана за утре, во врска со одлуката на албанскиот парламент за разрешување на шефот на државата Илир Мета. Според судот одлагањето е од причина што известителот за случајот се заразил со Ковид-19.

БУГАРИЈА - Поради влошената епидемиолошка ситуација во Република Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Северна Македонија, почнувајќи од 19-ти јануари. Се ограничува влезот за сите неесенцијални патувања во земјата (во исклучоците спаѓаат медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации и слично).

МАКЕДОНИЈА / БУГАРИЈА - Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе на Димитар Ковачевски стапувањето на должноста премиер на Северна Македонија и и посака успех на новата влада во Скопје. И тој и македонскиот премиер Димитар Ковачевски со амбиципзни изјави за изнаоѓање решение за спорот Македонија - Бугарија.