Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград, откако беше депортиран од Австралија затоа што не беше вакциниран против ковид-19, ставајќи крај на неговите надежи да ја одбрани титулата на Австралија опен. Тој на аеродромот беше пречекан од мала група навивачи и поддржувачи кои вееја српско знаме.
Денеска стартува и тенисерското првенство Австралија Опен во Мелбурн. Досега Ѓоковиќ на ова првенство имаше освено девет титули. Тој се надеваше дека оваа година ќе го освои својот 21. Грен слем трофеј во сингл, соборувајќи го рекордот што го дели со Роџер Федерер и Рафаел Надал за најмногу во историјата на машкиот тенис.
Ѓоковиќ го напушти Мелбурн откако Федералниот суд на Австралија ја потврди одлуката на австралиските власти за укинување на визата на 34-годишниот српски спортист поради јавен интерес, бидејќи тој не е вакциниран против ковид-19.
Ѓоковиќ ја напушти Австралија по судската одлука за депортација
Австралискиот премиер Скот Морисон рече дека судската одлука ќе помогне „да ги задржат нивните граници силни и да ги зачуваат Австралијците безбедни“.
Ѓоковиќ изјави дека е „екстремно разочаран“ од одлуката. Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини австралиските власти за „малтретирање и малтретирање...најдобриот тенисер досега“.
Австралискиот премиер ја поздрави судската одлука за Ѓоковиќ, критики од Вучиќ и Брнабиќ
АТП изрази жалење што Ѓоковиќ како „еден од најголемите шампиони во спортот“ не може да игра на австралискиот турнир, истовремено истакнувајќи дека „продолжува силно да им препорачува вакцинација на сите играчи“.