Германија е сериозна со ЕУ перспективата за сите држави од регионот, Европската Унија во однос на Северна Македонија стои на својот збор, сите предусловите за старт на преговорите за Северна Македонија и Албанија се исполнети и треба да започнат.
Германија и натаму активно ќе се залага за тоа, а за нас и натаму е важно билатералните прашања билатерално да бидат решени независно од пристапниот процес во ЕУ, изјави министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман при нејзината денешна посета. Таа посочи дека се радува што Скопје и Софија активно работат на решавањето на билатералните прашања кои предизвикаа блокада.
„ Северна Македонија и Бугарија активно работат на решенија на блокадата што Северна Македонија ја доби и продолжува да чекори по патот на реформите и би сакала да ве охрабрам да останете на тој пат затоа што без консеквентна борба против корупцијата ниту една земја не може да се развива и дотолку поважно останува продолжувањето на реформите и доброто владеење, “ изјави таа.
Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер
Лирман која е во посета на земјава во пресрет на посетата нна бугарскиот премиер Кирил Петков додаде дека е радосна што денеска е присутна во Скопје на денот кога почнува со работа новата Влада и дека тоа е знак за добросорабтка на двете земји.
„Се надевам дека ќе успееме наскоро да постигнеме исчекор и да стартува првата меѓувладина конференција, важно е билатерланите прашања кои постојат меѓу Северна Македонија и Бугарија кои што постојат билатерлано да бидат решени. Јас сум оптимист по однос на сигналите од Бугарија, и по однос на ова прашање ви посакувам многу успех на утрешните разговори“ изјави Лирман.
Таа денеска се сретна со новиот премиер Димитар Ковачевски кој изрази задоволство што на неговиот прв работен ден како премиер има средба со претставничка на Владата на земја која е докажан пријател, искрен и силен поддржувач на европските интеграции на Република Северна Македонија.
Маричиќ на новинарското прашање дали има македонско малцинство во Бугарија изјави дека земјава и натаму нема да се меша во внатрешните работи на соседните земји.
Петков - Во Скопје доаѓам со подготвеност за нов почеток
„ Не е на Северна Македонија да кажува какво малцинство има во регионот, тоа е прашање внатрешно на сите држави во регионот вклучувајќи ја и Бугарија. Секоја група на луѓе или етничка заедница или политичка партија или здружение имаат право да си ги барата своите правата преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права и преку Европската конвенција за заштита на човековите права. Во таа смисла изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во било која држава во регионот во овој момент не би било продуктивно. Ние се водиме од европските принципи и практики и така ќе остане. Тоа е наша уставна обврска,“ изјави Маричиќ.
Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот со министерката Ана Лирман, на кој присуствуваше и министерот Бојан Маричиќ, Ковачевски изрази благодарност што новата влада на СР Германија, предводена од канцеларот Олаф Шолц, го стави проширувањето на ЕУ со Западен Балкан високо на нејзината коалициона програма и особено што експлицитно ја нагласи потребата без натамошно одложување да се отворат првите преговарачки поглавја со Северна Македонија и Албанија како следен чекор на проширувањето на ЕУ кон регионот.