Времето денеска сончево, студено и ветровито

Илустративна фотографија.

Времето денеска ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност, а вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен до северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната од 5 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6 степени, а максималната ќе достигне 9.