Новиот ковид бран ги полни амбулантите, но нема многу во болниците

Илустрација

Според извештаите од болниците, моментно се хоспитализирани 340 лица, a од нив 81 отсто не се вакцинирани, додека 19 проценти се вакцинирани. Во исто време, 78 отсто од починатите лица од ковид-19 биле невакцинирани, а само 22 отсто примиле вакцина, се вели во анализата објавена од Министерството за здравство за вакцинирани од позитивните случаи со ковид-19 во период од 6 август 2021 година до 13 јануари 2022 година.

Од Министерството потенцираат дека изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден во една установа.

Во период од 06.08.2021 до 13.01.2022 година на територија на државата како позитивни на ковид-198 се тестирани 85.593 граѓанин, од кои 37 отсто биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица. Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63 отсто од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

За време на пролетниот бран минатата година, на болничко лекување поради ковид-19 имаше над 1700 луѓе.