Одложено рочиштето за „Плацеви на Водно“, Мијалков имал ковид-19

Сашо Мијалков

Денешното судско рочиште за случајот „Плацеви на Водно“ не се одржа поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, чија одбрана пријавила дека тој а позитивен на ковид-19. Судијата Илија Трпков информираше дека адвокатите на Мијалков ја пријавиле здравствената состојба на нивнниот клиент до Судот, од каде пак информираат дека позитивни на ковид-19 се и неколку адвокати на обвинетите.

Според обвинението, чиј застапник е обвинителката Лиле Стефанова, покрај Мијалков, обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски и бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Орце Камчев и Ратка Куновска Камчева.

Груевски, како што се наведува во обвинението, е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, а неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Орце Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”. Мијалков, кој е прв братудед на Груевски, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

На денешното рочиште беше предвидено да биде сослушан сведокот Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар во владата на Груевски. Следното рочиште за овој предмет е закажено за 24 јануари. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.