Еколошките организации ги повикаа граѓаните да се приклучат на утрешните блокадите на повеќе локации во Србија во сабота, 15 јануари, поради нерешени еколошки проблеми. Во нивното соопштение се наведува дека пред две дена оставиле барања до Владата на Србија и додаваат дека „владините претставници молчат“.
Во Србија блокирање патишта против проектот Рио Тинто
Вучиќ за договорот со Рио Тинто: Проектот нема да биде повлечен
Тие потсетуваат дека бараат сѐ што е потпишано со Рио Тинто да се стави на маса, односно да се објави и да се укине владината уредба за просторниот план за проектот „Јадар“. Според нив, „најголемиот кошмар на претседателот на Србија Александар Вучиќ во досегашната негова кариера се вика Рио Тинто“.