САД не веруваат дека Русија решила да ја нападне Украина

Џејк Саливан

Соединетите држави не веруваат дека Русија решила да ја нападне Украина, но се подготвени без разлика на кој пат ќе тргне, изјави советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џејк Саливан „Ние сме подготвени како и да е“, им рече Саливан на новинарите по еднонеделните разговори меѓу САД, нивните западни сојузници и Русија.

САД-Русија ги завршија „тешките“ осумчасовни разговори во Женева за Украина

„Подготвени сме да постигнеме напредок на преговарачката маса и подготвени сме да ги преземеме неопходните и соодветни чекори за да ги одбраниме нашите сојузници, да ги поддржиме нашите партнери и да одговориме цврсто на секоја агресија што може да се случи“.

Украина ја повика Русија да продолжи со дијалогот

Русија собра десетици илјади војници на границата со Украина и бара гаранции дека НАТО нема да го шири кон исток. „Разузнавачката заедница не направи проценка дека Русите дефинитивно одлучиле да преземат воен курс на дејствување во Украина. Значи, како што стојат работите во моментов, Русија има можност да дојде на преговарачка маса“, изјави Саливан.