Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик повторно најави дека Република Српска ќе работи на формирање сопствена армија. Додик изјави дека армијата и одбраната, според оригиналниот Дејтонски договор, се под јурисдикција на ентитетите, додавајќи дека „поради сегашните нарушени односи, Република Српска размислува да ги врати тие надлежности“. Тој потсети дека Парламентот на РС веќе донел одлука за повлекување на претходно дадената согласност за формирање на вооружените сили на БиХ.
САД ја повикаа Босна да ги истражи забранетите церемонии во Република Српска
Додик посочи дека 9 јануари останува Ден на Република Српска, без разлика како некој се однесува кон неа, вклучително и САД. Тој посочи дека се зборувало за инциденти во РС за време на прославата на Денот на РС и дека настаните во Бужим „минале незабележани од оние кои ја напаѓаат РС поради Денот на Републиката“.
ЕУ ја осуди реториката за Денот на Република Српска и се закани со нови санкции
„Од една страна, проблемот е кога редовните полициски сили излегуваат на улица, каде што се, патем, секој ден, и не е проблем да се вооружат и повторно да се формираат Зелените беретки, а тоа не предизвика каква било реакција“, рече Додик. Во Бужим завчера беше одбележана 29-годишнината од воената акција „Молња 93“, а Здружението „Наниќеви Бужимљани“ на Фејсбук објави снимки од луѓе во униформи кои маршираат со воени знамиња на Армијата на БиХ, извикувајќи „Алаху акбар“. Некои од учесниците имаа маски на лицата, а меѓу нив имаше и деца.