СЗО предупреди дека омикрон е опасен вид на коронавирус

Сојот омикрон на коронавирусот се шири со голема брзина

Сојот омикрон на коронавирусот кој се шири со брзина каква што светот не го видел од почетокот на пандемијата, „останува опасен вирус“ дури и ако предизвикува поблаги симптоми, предупреди генералниот секретар на Светската здравствена организација. Тедрос Аданом Гебрејезус. „Иако омикрон предизвикува поблаги симптоми од делта која беше доминантната варијанта досега, тој останува опасен вирус, особено за оние кои не биле вакцинирани“, рече тој. Омикрон, кој првпат беше идентификуван во јужниот дел на Африка на крајот на ноември 2021 година, се прошири низ целиот свет, а огромен број луѓе се заразени со тој вид.

Судири во Софија на полицијата и демонстрантите против ковид мерките

„Поголем пренос на коронавирусот значи повеќе хоспитализации, повеќе смртни случаи, повеќе луѓе неспособни за работа, вклучително наставници и здравствени работници. Исто така, постои опасност од нов вид кој може да биде попренослив и посмртоносен од омикрон“, предупреди генералниот секретар на СЗО. Друг претставник на организацијата Мајкл Рајан на истата прес-конференција изјави дека коронавирусот „не е лесна болест“, туку болест која може да се спречи со вакцини.