Северна Кореја соопшти дека извршила уште еден хиперсоничен ракетен тест под надзор на лидерот Ким Џонг Ун.
Државните медиуми објавија дека проектилот лансиран на 11 јануари, успешно погодил цел во море на далечина од околу 1.000 километри.
Тоа е трет пријавен севернокорејски хиперсоничен ракетен тест, кој е потешко да се открие во однос на балистичка ракета.
Присуството на Ким при лансирањето на ракетата можно е да укажува на подобрување на технологијата, велат аналитичарите, пишува Би-Би-Си.
Се чини дека зголемениот број на ракетни тестови се во насока на поставените новогодишни цели на Ким, кога вети дека ќе ги зајакне одбранбените способности на Северна Кореја.
Неговата одлука доаѓа откако шест земји, вклучително и САД, издадоа соопштение во кое го осудуваат минатонеделниот тест, повикувајќи го Пјонгјанг да стави крај на својата „дестабилизирачка акција“ на регионот.
Јужнокорејската војска првично ги минимизираше тврдењата за хиперсонична ракета, но подоцна соопшти дека нејзиниот северен сосед покажал „подобрување“ во однос на претходните тестови, објави весникот „Јонхап“.
Севернокорејската државна агенција КЦНА го пофали спроведувањето на тестот, наведувајќи дека „супериорната способност за маневрирање“ на проектилот била „впечатливо проверена со последниот тест“.
Северна Кореја во септември 2021 година прв пат објави дека извршила хиперсонична ракетна проба.