Парното нема да поскапи, владата ќе ја покрие разликата во цената

Министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски

Владата ќе ја покрие разликата од актуелната цена на парното греење во Скопје до реалната и тие пари ќе им ги уплати на топлинските компании, соопштија денеска министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимоски на прес-конференција во Владата.

Тие ги повикаа Град Скопје и општините во Град Скопје да ги покријат останатите 20 проценти.

Бектеши рече дека според сегашните цени на природниот гас, Владата за таа намена ќе треба да потроши околу 5 милиони евра, а Град Скопје и скопските општини околу 1 милион евра.

Бислимоски повика на солидарност и рече дека ако предлогот биде прифатен од компаниите, Градот Скопје и општините, проблемот со греењето ќе биде решен.