Казахстанскиот претседател Токаев најави повлекување на трупите на ОДКС

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев изјави дека трупите од воениот блок на Организацијата за Договор за колективна безбедност (ОДКБ) предводена од Русија ќе почнат да се повлекуваат од Казахстан за два дена. Во денешното обраќање до парламентот, Токаев рече дека трупите на ОДКБ ќе го завршат своето повлекување во следните 10 дена.

Блинкен: бараме одговор од властите на Казахстан зошто повикаа странски сили во земјата

Воениот контингент на ОДКС пристигна во Казахстан во минатата недела, откако раководството на централноазиската земја побара од блокот предводен од Русија воена помош во услови на насилни немири. Токаев, исто така, им кажа на пратениците дека номинирал нов премиер, Алихан Смаилов. 49 годишниот Смаилов беше прв вицепремиер во претходната влада, која Токаев ја разреши во минатата недела, откако земјата беше зафатена од невидени протести кои станаа насилни и оставија најмалку 163 мртви. Токаев, кој за немирите оцени дека се „терористичката агресија“ како дел од „обидот за државен удар“, успеа да ја искористи кризата за да ја консолидира моќта во централноазиската држава богата со нафта и гас.

Казахстанскиот претседател изјави дека поредокот „во основа“ бил обновен


Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека безбедносните сили привеле 9.900 луѓе. Казахстан се соочи со превирања во изминатата недела по протестите во оддалечениот западен регион Мангистау поради наглото зголемување на цената на природниот гас кои потоа се проширија низ земјата.