Претседателот на бугарскиот парламент е позитивен на ковид-19, откако присуствуваше на состанок со највисоките политичари и функционери во земјата. Никола Минчев се почувствува лошо веднаш по состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност на 10 јануари и беше позитивен на тестот за ковид-19, изјави портпаролката на Собранието. На седумчасовната средба Минчев присуствуваше заедно со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков, министрите за одбрана, внатрешни работи и финансии, началникот на Генералштабот на бугарската армија, како и шефовите на безбедносните и разузнавачките служби. Присуствуваа и заменик-министер за надворешни работи, како и врвни претставници на седумте бугарски партии со места во парламентот.
Радев- Правата на македонските Бугари и реални резултати наместо рокови
На состанокот, како што изјави претседателот Радев, Бугарија ја потврдила својата позиција кон евроинтеграцијата на Северна Македонија и новата Влада ќе мора да ја спроведе. Минчев сега ќе се изолира и пратеничките обврски ќе ги извршува од далечина. Не е јасно дали присутните на состанокот ќе бидат во 10-дневен карантин.