Од Ѓоковиќ до КГБ
БЕЛОРУСИЈА - Белоруските власти соопштија дека маж во источниот град Махилју е осуден на двегодишна затворска казна за неговите коментари на интернет во кои навредувал припадник на руската КГБ кој беше убиен во полициска престрелка во стан во Минск.
БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Бугарија ја потврдува својата позиција кон евроинтеграцијата на Северна Македонија и новата Влада ќе мора да ја спроведе. Давањето согласност за почеток на преговорите за членство во ЕУ на РС Македонија не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, вклучително и во однос на правата на македонските Бугари. Ова го изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев по состанокот на Советодавното тело за национална безбедност.
САД / РУСИЈА - Делегациите на Соединетите Американски Држави и Русија ги завршија осумчасовните разговори во Женева. Ова е дел од она што се очекува да биде недела на дипломатија со високи влогови, поттикната од барањата на Москва за безбедносен договор и нејзиното заканувачко воено засилување во близина на Украина.
ЕУ / ЗАПАДЕН БАЛКАН - Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово продолжуваат да се соочуваат со проблеми во врска со владеењето на правото и основните права. Поддршка на ЕУ за владеењето на правото во Западен Балкан имаше мало влијание врз унапредувањето на основните реформи за владеење на правото во тој регион, се вели во специјалниот извештај објавен од Европскиот суд на ревизори.
АВСТРАЛИЈА - Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека е задоволен и благодарен поради одлуката на австралискиот судија да го смени откажувањето на неговата виза и изрази надеж дека сепак ќе игра на Австралија Опен.
АВГАНИСТАН - Најмалку седум лица, меѓу кои шест деца, загинаа денеска во експлозија во источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, соопштија локалните власти.
МАКЕДОНИЈА - Второто полугодие од учебната 2021/22 да почне со онлајн настава побараа денеска на прес-конференција од движењето Поддршка за онлајн настава, произлезено од Фејсбук група која брои 15 илјади членови.
МЈАНМАР - Судот во Мјанмар денеска ја осуди соборената лидерка Аунг Сан Су Ќи на уште четири години затвор поради илегален увоз и поседување на воки-токи и прекршување на ограничувањата воведени поради пандемијата на коронавирус, соопшти правен претставник. Су Ќи во декември беше осудена на четири години затвор за поттикнување немири и кршење на епидемиолошките мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот, која шефот на воената влада ја намали на две години.