САД-Русија ги завршија „тешките“ осумчасовни разговори во Женева за Украина

Заменик-државниот секретар на САД Венди Шерман (Л) и рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков позираат пред нивните национални знамиња пред состанокот во дипломатската мисија на САД во Женева, 28 јули 2021 година

Делегациите на Соединетите Американски Држави и Русија ги завршија осумчасовните разговори во Женева. Ова е дел од она што се очекува да биде недела на дипломатија со високи влогови, поттикната од барањата на Москва за безбедносен договор и нејзиното заканувачко воено засилување во близина на Украина.

Американскиот заменик-државниот секретар Венди Шерман, како шефица на американската делегација по средбата ги опиша билатерални разговори со рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков како „сериозни“, но и „како деловни“.

Шерман посочи дека денешната средба претставува само разговори, а не преговори и додаде дека САД не одат по линијата на барања кои ги достави Русија. Таа изјави дека САД дошле на состанокот со неколку предлози, вклучително и детали за распоредувањето на ракетната одбрана во Европа и ограничувањата на воените вежби.

На Путин му се брза да добие одговор од Запад – блеф или?

Шерман посочи дека предлозите на САД мора да бидат реципрочни и ги отфрли руските повици за намалување на бројот на американските војници во Источна Европа, велејќи дека тоа прашање „не е на дневен ред“ .

Рускиот заменик министер Рјабков по средбата изјави дека „не е постигнат напредок“ по барањето на Москва да не и се дозволи на Украина да се приклучи на НАТО алијансата. Рјабков посочи дека идниот напредок во разговорите со американските дипломати зависи од ова прашање.

Но, Шерман рече дека Вашингтон нема да дозволи „некој да ја менува политиката на НАТО“.

„Нема да се откажеме од билатералната соработка со суверени држави кои сакаат да соработуваат со Соединетите држави. И нема да носиме одлуки за Украина без Украина, за Европа без Европа или за НАТО без НАТО. Како што им велиме на нашите сојузници и партнери: „Ништо за вас, без вас““ изјави Шерман.

Во Женева состанок меѓу САД и Русија за тензиите околу Украина

Разговорите доаѓаат во време на зголемување на тензиите по трупањето на руската војска во близина на границата со Украина. Нешто за кое Западот стравува дека може да сигнализира дека Москва подготвува инвазија во Украина. Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година и ги поддржа сепаратистите кои се борат со владините сили во источна Украина.

Русија разочарана од сигналите на САД пред разговорите во Женева

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин одржаа два телефонски разговори во декември, придружени со наплив на дипломатија во која беа вклучени официјални лица од Соединетите Држави, нивните европски сојузници и Украина и Русија, што кулминира со трите состаноци оваа недела.

ЕУ- Нема решение за руско-украинската тензија без Европа

По билатералните разговори во Женева следува состанок на Советот НАТО-Русија во Брисел на 12 јануари. Одделни мултилатерални разговори во рамките на Организацијата за соработка и безбедност во Европа (ОБСЕ) се закажани во Виена на 13 јануари .