Бугарскиот државен врв на состанок кај Радев за македонската евроинтеграција

Во Софија попладнево започна состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност што го свика претседателот на Бугарија Румен Радев. Темата на состанокот е „Улогата на Република Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“. Овој состанок доаѓа на само една недела пред најавената посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје.

Радев неколку дена изјави дека Бугарија продолжува да биде отворена за дијалог со Северна Македонија.

„Важно е да се има став во ова највисоко политичко тело. Треба да го забрзаме процесот на европска интеграција на РС Македонија, но со почитување на националниот интерес. Важно е да се разбере дека правата на македонските Бугари, создавањето услови за нивно целосно вклучување во јавниот, политичкиот, културниот живот на земјата е прашање од големо значење за Бугарија. Не еднаш сум повикал да престане говорот на омраза“, коментирал Радев пред неколку дена, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС.

Состанок на бугарскиот Совет за национална безбедност за Северна Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков од собраниската говорница во бугарскиот Парлемент изјави дека владејачката коалиција има јасен заеднички став за Северна Македонија.

„Треба да го промениме сфаќањето за тоа што навистина значи за РС Македонија да преговара со ЕУ и да биде дел од неа во иднина. Ајде да зборуваме за сите придобивки што ќе ги имаме и ние и РСМ од овој процес“, изјавил Петков од собраниската говорница, јавува БГНЕС.

Бугарскиот премиер Петков на 18 јануари во посета на Скопје

Повод за посетата на Петков на Северна Македонија е и 30-годишнината од признавањето на независната македонска држава од страна на Бугарија.