Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека е „задоволен и благодарен“ поради одлуката на австралискиот судија да го смени откажувањето на неговата виза и изрази надеж дека сепак ќе игра на Австралија Опен. Претходно денеска Ѓоковиќ бешеослободен карантинот во хотелот во Мелбурн, откако судијата на окружниот суд Ентони Кели му ја врати визата, која беше откажана минатата недела бидејќи невакцинираниот српски играч ги прекрши строгите барања на Австралија за заштита од ковид-19.
„И покрај сето тоа што се случи, сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на Австралија Опен. Останувам фокусиран на тоа“, напиша Ѓоковиќ на Твитер, објавувајќи фотографија од него и неговиот тренинг персонал како стојат на теренот во Род Лејвер Арената во Мелбурн каде се одржува турнирот.
Судски гејм, сет, меч за Ѓоковиќ
Судијата Кели оцени дека одлуката на австралиската влада минатата недела да му ја укине визата на Ѓоковиќ е „неразумна“ и нареди негово ослободување во рок од 30 минути од неговата одлука.
Владините адвокати, сепак, предупредија дека Австралија сепак може да ги искористи извршните овластувања за да нареди депортација на Ѓоковиќ, што ќе резултира со забрана за влез во земјата на три години.
Одбиено укинувањето на визата на Новак Ѓоковиќ
Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари, а деветкратниот бранител на титулата беше заглавен во хотел за притвор за бегалци.
Австралиската влада тврди дека не му дала гаранција на Ѓоковиќ за влез во земјата
34 годишниот Ѓоковиќ во четвртокот беше задржан во хотел за притвор за имигранти заедно со други притвореници баратели на азил.
Тенис Австралија соопшти дека треба да знае конкретно дали Ѓоковиќ може да игра до 11 јануари, бидејќи треба да ги закаже натпреварите.