Блинкен: бараме одговор од властите на Казахстан зошто повикаа странски сили во земјата

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја осуди наредбата за „пукај и убиј“ на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев и рече дека Вашингтон бара појаснување зошто централноазиската земја треба да повика безбедносни сили предводени од Русија среде домашните немири. „Наредбата за пукање за да се убие е погрешна и треба да се укине“, рече Блинкен во интервју за АБЦ-ТВ. Градовите ширум Казахстан беа зафатени од протести кои првично избувнаа во западниот регион Мангистау на 2 јануари поради удвојувањето на цената на горивото за возилата.

Приведени повеќе од 5800 луѓе во Казахстан

Протестите се проширија и прераснаа во повици за политички реформи во строго контролираната земја. Како одговор, Токаев прогласи вонредна состојба во целата земја до 19 јануари, со полициски час, ограничувања на движењата и забрани за масовни собири.

МВР: Дезинформација е дека Назарбаев со авион во Бишкек слетал од С.Македонија

Казахстан, исто така, побара помош од Организацијата на Договорот за колективна безбедност составена од Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Ерменија. Русија испрати неколку илјади војници во Казахстан под покровителство на ОДКБ. Во претходните коментари, Блинкен рече дека казахстанските власти „секако имаат капацитет соодветно да се справат со протестите“ на начин кој ги почитува правата на демонстрантите, а истовремено одржувајќи го законот и редот.