Во Женева состанок меѓу САД и Русија за тензиите околу Украина

Заменик-државниот секретар на САД Венди Шерман (Л) и рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков позираат пред нивните национални знамиња пред состанокот во дипломатската мисија на САД во Женева, 28 јули 2021 година

Разговорите меѓу американските и руските дипломати ќе започнат денеска во Женева околу распоредувањето на руските трупи во близина на нејзината граница со Украина. До состанокот доаѓа по еднонеделниот застој, при што претставниците на двете земји се обидуваат да спречат ескалација на кризата. Заменик-државниот секретар Венди Шерман, функционер број два во американскиот Стејт департмент, ќе се соочи со рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Двајцата заедно имаат повеќе од половина век дипломатско искуство.

Русија разочарана од сигналите на САД пред разговорите во Женева

Русија вчера соопшти дека нема да направи никакви отстапки под притисок на САД на разговорите оваа недела за украинската криза и нејзините барања за западни безбедносни гаранции и дека постои ризик тие брзо да завршат. Сергеј Рјабков изјави дека е сосема можно дипломатијата да заврши ненадејно по еден состанок. „Не можам да исклучам ништо, ова е сосема можно сценарио и Американците... не треба да имаат илузии за ова“, рече тој. Неговите коментари сигнализираат бескомпромисна линија од Москва во најнапнатата точка во американско-руските односи од Студената војна.

ЕУ- Нема решение за руско-украинската тензија без Европа

Десетици илјади руски војници се собрани на дофат на границата со Украина во подготовка за, како што велат Вашингтон и Киев, нова инвазија, осум години откако Русија го зазеде полуостровот Крим од Украина. Русија ги негира плановите за инвазија и вели дека одговара на, како што го нарече, агресивно и провокативно однесување на воената алијанса на НАТО и Украина, нејзиниот поранешен советски сосед, кој се навалува кон Запад и се стреми да се приклучи на НАТО.

На Путин му се брза да добие одговор од Запад – блеф или?


Минатиот месец Русија претстави широк сет на барања, вклучително и за ограничување на понатамошното проширување на НАТО и прекин на активноста на алијансата во земјите од централна и источна Европа кои ѝ се приклучија по 1997 година. Соединетите Држави и НАТО рекоа дека голем дел од руските предлози не се прифатливи. НАТО во петокот го отфрли барањето на рускиот претседател Владимир Путин воената алијанса да го запре приемот на нови членки. „Нема да правиме компромиси за основните принципи, вклучително и правото секоја нација да одлучува за својот пат, вклучително и во какви безбедносни аранжмани сака да биде дел“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел по виртуелниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата.

Блинкен не очекува напредок во раговорите на САД со Русија

Висок официјален претставник на администрацијата на Бајден во саботата рече дека Соединетите држави не се подготвени да разговараат за ограничувањата на распоредувањето на американските трупи или за положбата на американските сили во земјите на НАТО во регионот. Русија, исто така, треба да одржи преговори со НАТО во Брисел в среда и во Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Виена в четврток.