Пожар во бегалски камп во Бангладеш

Пожар во кампот во Бангладеш

Стотици импровизирани живеалишта се уништени во пожар кој избувнал во бегалскиот камп Рохинџи во јужен Бангладеш, јавуваат властите и очевидци. Во кампот живеат повеќе од еден милион муслимански бегалци од Бурма, позната и како Мјанмар по воената акција во земјата во 2017 година.

Нема информации за жртви. Не е утврдена причината за пожарот. Претставник на владата на Бангладеш задолжен за бегалците изјави дека спасувачките екипи работат на ставање на пожарот под контрола.

„Пожарот се уште се шири. Ве молиме молете се за нас“, изјави еден од бегалците.

Во пожар во март 2021 година во Балухали, најголемиот бегалски камп во светот, загинаа најмалку 15 луѓе и изгореа повеќе од 10.000 живеалишта.

Американскиот Стејт департмент предупреди дека Бурма е изложена на ризик од геноцид врз бегалците и вети дека ќе работи со партнерите за да изврши притиок врз воената влада која стапи на власт по февруарскиот пуч за да ја запре нејзината репресија.