Ѓоковиќ го помина Божиќ во имиграциски центар во Мелбурн

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го минува православниот Божиќ во имиграциски центар во Мелбурн додека чека сослушување за влез во земјата со цел натпреварување на Австралија опен грен слем турнирот. При самиот влез во земјата на аеродромот во Мелбурн во средата му беше укинато ослободување од вакцината која е задолжителна.

Во меѓувреме во Србија и Црна гора и денеска се оддржа собири во знак на поддршка за Ѓоковиќ на кој присуствуваа неколку илјади луѓе со транспаренти на кои пишува „ Сите сме Ноле“.

Белград, собир за поддршка за Ѓоковиќ

Неговиот случај продолжува да предизвикува бранувања во јавноста пред првиот новогодишен тениски Грен слем настан, особено кога се појавија вести дека австралиските власти и ја укинаа визата на чешката тенисерка Рената Ворачова и ја спроведоа во истиот имиграциски хотел во кој се наоѓа Ѓоковиќ. Ворачова (38) пристигна во Австралија во декември и веќе настапи на турнир во Мелбурн, но во текот на вчерашниот ден била приведена од австралиските погранични служби и пренесена во хотелот.

На тенисерката и било соопштено дека треба веднаш да ја напушти Австралија, меѓутоа Ворачова, како и Ѓоковиќ, има право на жалба. Таа влегла во Австралија со медицинска потврда дека е ослободена од вакцинирање врз основа на прележан коронавирус.

Мајката на 34-годишниот српски тенисер Дијана Ѓоковиќ се изјасни против неговото сместување во оскудно опремен центар за потенцијални мигранти во Мелбурн, велејќи дека „го чуваат како затвореник“.

Сместувањето на мултимилионерскиот, 20-кратен Грен слем шампион во сингл е „страшно... со бубачки, се е валкано, храната е страшна“, изјави таа.
Австралиските власти велат дека Ѓоковиќ е слободен да замине, само не му е дозволено да влезе на австралиската територија, додека федералниот суд се подготвува за сослушување на 10 јануари во врска со неговото барање за налог против депортација.

На Ѓоковиќ му ја направија финтата: „дојди кај мене, нема да има никој“

Министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус денеска изјави дека и два други исклучоци издадени за учество на Австралија опен без вакцина се под истрага .

Чешките официјални лица потврдија дека чешката, специјалистка за двојки, Рената Воракова, била меѓу „неколку други тенисерки“ во карантин во истиот хотел за имиграција.

Австралискиот медиум ABC објави дека Воракова „веќе играла на турнир за загревање во Мелбурн“ пред да биде приведена на 6 јануари, што укажува на тоа дека таа влегла во Австралија минатиот месец откако добила ослободување врз основа на претходна инфекција со ковид- 19 и закрепнување.

Времето на нејзиното притворање може да сугерира дека австралиските официјални лица повторно ги разгледале нејзините и други случаи откако случајот на Ѓоковиќ беше објавен во јавноста поради зголемениот гнев кај Австралијците поради исклучоците. Австралија опен треба да започне на 17 јануари.