СЗО: Омикрон е полесен од Делта, но не е благ вирус

генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус

Новата варијанта на короновируост Омикрон се чини дека предизвикува полесна клиничка слика кај заболените за разлика од претходниот доминантен сој Делта, но тоа не значи дека треба да се категоризира како „благ вирус“ велат претставници на Светската здравствена организација. Преставничката на клиничкиот менаџмент на СЗО Џенет Дијаз на брифинг со медиуми изјави дека раните студии покажеле дека има намален ризик од хоспитализација од варијатата Омиркон која прв пат е идентификувана во Јужна Африка и Хонгконг во споредба со Делта варијантата.

„Иако Омикрон се чини дека е помалку тежок во споредба со Делта , особено кај вакцинираните, тоа не значи дека треба да се категоризира како благ.Исто како и претходните варијанти, Омикрон хоспитализира луѓе и убива луѓе“ изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на истиот брифинг во Женева.

СЗО објави дека во минатата недела во светот се регистрирани рекордни 9,5 милиони случаи на ковид-19, истакнувајќи дека зголемувањето на неделните инфекции за 71 отсто се должи на омикрон сојот.

СЗО: Зголемување на заразените со ковид-19 во светот за 71 насто

„Во минатата недела е забележан најголем број случаи на инфекција со ковид-19 од почетокот на пандемијата“, изјави Гебрејезус.

Тој рече дека СЗО е сигурна дека бројот на новозаразени е многу поголем, со оглед на тоа што опсегот на тестирање е намален за време на празниците. Здравствената агенција на Обединетите нации, во својот неделен извештај за пандемијата, соопшти дека во минатата недела биле пријавени околу 9,5 милиони нови инфекции и повеќе од 41.000 смртни случаи.

Претставниците на СЗО ја повикаа јавноста да ги засили мерките за борба против пандемијата како што се вакцинирање, вентилација на просториите, одржување физичко растојание и правилно носење маски.