Светската здравствена организација, СЗО објави дека во минатата недела во светот се регистрирани рекордни 9,5 милиони случаи на ковид-19, истакнувајќи дека зголемувањето на неделните инфекции за 71 отсто се должи на омикрон сојот. „Во минатата недела е забележан најголем број случаи на инфекција со ковид-19 од почетокот на пандемијата“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.
Рекорден број заразени со омикрон во голем број држави
Тој рече дека СЗО е сигурна дека бројот на новозаразени е многу поголем, со оглед на тоа што опсегот на тестирање е намален за време на празниците. Здравствената агенција на Обединетите нации, во својот неделен извештај за пандемијата, соопшти дека во минатата недела биле пријавени околу 9,5 милиони нови инфекции и повеќе од 41.000 смртни случаи.