Министрите за надворешни работи на НАТО на видео состанок за разговорите со Русија

Седиштето на НАТО во Брисел

Шефовите на дипломатијата на земјите членки на НАТО ќе одржат видео состанок како подготовка на најавениот состанок на Советот НАТО-Русија што на 12 јануари ќе се одржи во Брисел. Состанокот на Советот е еден од трите што ќе се одржат како дел од напорите на САД и западните сили да ја одвратат Москва од евентуална инвазија врз Украина, откако распореди десетици илјади војници долж границата меѓу двете земји. Првиот е в понеделник во Женева, а САД ќе бидат претставени од заменик-државниот секретар Венди Шерман. Третиот состанок ќе се одржи на 13 јануари во Виена во кој ќе биде вклучена Организацијата за безбедност и соработка во Европа, група која ги вклучува САД и Русија како членки.

САД и Европа во обединет фронт пред разговорите со Русија

Рускиот претседател Владимир Путин побара правно обврзувачки гаранции дека НАТО нема дополнително да се прошири и дека Украина нема да ѝ се приклучи на трансатлантската алијанса.

Во Украина во услови на потенцијална руска инвазија „нема хистерија“

Американскиот претседател Џо Бајден во неделата му рече на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Соединетите држави и нивните сојузници ќе одговорат одлучно со економски санкции и други чекори доколку Русија ја нападне Украина. Тој, исто така, вети дека Соединетите Држави и нивните сојузници и партнери нема да направат, како што изјави „ништо за вас без вас“.