Денеска е Божиќ - големиот православен празник

Христијанските верници кои го почитуваат јулијанскиот календар денеска го слават големиот празник Божиќ. Во божиќната порака архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници по тој повод, меѓу другото, се наведува: „И ако годинашниов Божик го дочекуваме загрижени за здравствената состојба во светот, и за последиците од неа, да не го заборавиме ветувањето на Синот Божји дека Тој ќе биде со нас до крајот на светот, дека Божјата љубов е над сите искушенија и дека неможното за луѓето е можно за Бога“.