Мировни трупи предводени од Русија влегле во Казахстан

Војници на главниот плоштад во Алмати, Казахстан, 6 јануари 2022 година.

Руските медиуми наведуваат дека првите трупи од Организацијата на Договорот за колективна безбедност предводена од Москва, воен сојуз на неколку поранешни советски држави, почнале да дејствуваат во Казахстан бидејќи ескалирал невиден бран протести. Државната новинска агенција РИА Новости на 6 јануари објави дека воздушно-десантните единици на мировните сили влегле во централноазиската држава. Веста ја пренесе и државната новинска агенција ТАСС.

Во немирите во Казахстан, осум убиени и 317 ранети луѓе

Доцна на 5 јануари, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев апелираше за интервенција на сојузот составен од Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан. Бранот протести избувна во западниот регион Мангистау пред четири дена поради ненадејното зголемување на цените на горивото што се користи во возилата во земјата богата со нафта, но се прошири во градовите и населбите низ Казахстан. Токаев ги обвини „терористичките“ банди обучени од странство за насилството.