Додик: САД се голема земја, но нивните обвинувања не се точни

Милорад Додик

Српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик изјави дека санкциите што му ги воведоа САД претставуваат директно мешање во внатрешните работи на БиХ и Република Српска.“ „САД се голема земја, но исто така се и голем лажго. Тие се на страната на муслиманите“, рече Додик по состанокот на Извршниот одбор на СНСД. Според него, на Американците им пречи тоа што Република Српска е стабилна и „не е важно што Федерацијата БиХ не избра нова влада три години по изборите и што Хрватите немаат свој легално избран претставник во Претседателството на БиХ“. „Ако БиХ се распадне, а очигледно ќе се распадне, РС е единствената што може да функционира“, рече Додик.

Босна повторно на работ: Дали 2022 ќе биде година кога ќе се распадне?

Тој ги нарече лажни сите наводи за корупција, кои се наведени во образложението за санкциите што му се изречени, нагласувајќи дека против него не се води судски процес во правосудните институции поради корупција. Додик додаде дека се слушнал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој му рекол дека „нема да стои зад тие санкции“ и најави дека со Вучиќ ќе се сретне во Белград по божиќните празници.

САД со нови санкции кон Додик

Министерството за финансии на САД вчера најави нови санкции за Додик, поради, како што е објаснето, поткопување на стабилноста на БиХ, корупција и загрозување на мировниот договор. Санкции беа изречени и за телевизијата АТВ во Бања Лука, поради поврзаноста со Додик.