Соединетите држави и партнерите од ЕУ ги засилија предупредувањата за големи последици доколку Русија ја нападне Украина. Овој заклучок произлегува од разговорите меѓу американскиот државен секретар Антони Блинкен и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во Вашингтон. Блинкен изјави дека тој и Баербок ја нагласиле „потребата да се продолжи со дипломатија“ во врска со трупањето на руските војници во близина на Украина. „Ние многу би сакале дипломатски пат и дипломатско решение на ситуацијата“, рече Блинкен, додавајќи дека сега „ќе се тестираа подготвеноста на Русија да тргне по тој пат“.
Во Украина во услови на потенцијална руска инвазија „нема хистерија“
Баербок рече дека таа и Блинкен се согласиле „за важноста да се најде добар пат напред кон изнаоѓање решение заедно за процесот на дијалог“. Таа нагласи дека ставот на Германија е дека нема алтернатива за политичко решение. Состанокот се одржа пред разговорите што треба да се одржат следната недела меѓу американските и руските претставници во Женева и состанокот на Советот НАТО-Русија. Русија сака на разговорите да се разговара за нејзините барања за безбедносни гаранции против проширувањето на НАТО алијансата кон исток за да ги вклучи Украина и другите поранешни советски републики како Грузија.
Путин и Ердоган разговараа за барањата на Русија до НАТО
Русија ги постави барањата откако нејзиното воено засилување ги зголеми стравувањата од повторување на 2014 година кога Москва го зазеде полуостровот Крим и избувна проруски бунт во источна Украина, кој оттогаш однесе повеќе од 13.000 животи. Блинкен и Баербок го осудуваат военото засилување како и сè поострата реторика на Русија додека таа продолжува да ја турка лажната приказна дека Украина сака да ја испровоцира Русија. Блинкен тоа го спореди со „лисицата која вели дека нема друг избор освен да го нападне кокошарникот, бидејќи некако кокошките претставуваат закана“. Баербок рече дека таа и Блинкен „заеднички повториле дека руските дејствија и активности имаат јасна цена и дека повторното кршење на украинскиот суверенитет од страна на Русија ќе има тешки последици“.