Американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар вели дека САД нема да се двоумат да користат санкции за да испратат силна порака до корумпираните актери и оние кои го дестабилизираат Западен Балкан.
Тој во интервју за црногорската агенција МИНА, вели дека лидерите на Западен Балкан мора да работат во интерес на граѓаните, наместо за нивните лични и партиски интереси.
Ескобар додава дека САД ќе бидат партнер на оние кои имаат конструктивен, а не деструктивен пристап кон иднината на овој регион.
„Многу е фрустрирачки и контрапродуктивно што политичарите и другите актери ги искористуваат идентитетските теми за да добијат политички поени на сметка на економскиот напредок и регионалното помирување“, рече Ескобар.
Денеска Министерството за финансии на САД воведе нови санкции кон членот на босанските Срби на тричленото претседателство на Босна и Херцеговина, Милорад Додик. Санкциите за дела за корупција се воведени против самиот Додик, но и против Алтернативната телевизија од Бања Лука, која е поврзана со Додик.