Ослободувањето од вакцината на Ѓоковиќ ги налути Австралијците

Многу Австралијци луто реагираа на веста дека српскиот прворангиран тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на претстојниот Австралија опен откако доби медицинско ослободување поради статусот на вакцинација против коронавирус.

Среде контроверзноста, австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека Ѓоковиќ ќе го испрати со „следниот авион дома“ доколку доказите што ќе ги приложи за изземање од правилата за вакцинација ковид-19 се сметаат за недоволни.

Претходно 34-годишниот Србин го сигнализираше своето противење за вакцината и никогаш не го откри јавно својот статус на вакцинација. Тој се бори за рекордна 21-ва Гренд слем титула на Австралија опен што започнува на 17 јануари во Мелбурн.

Со дозвола за медицинско изземање, Ѓоковиќ ќе игра на Аустралијан опен

Ѓоковиќ поднесе барање до независна комисија од експерти за медицинско ослободување, но никогаш во јавноста не ги соопшти поради кои медицински проблеми бара ослободување.

Ѓоковиќ, кој има шанса на рекордна 21. Грен слем титула во сингл, постојано одбива да открие дали е вакциниран против коронавирусот. Владата на државата Викторија наложи сите играчи, персоналот и навивачите кои присуствуваат на Австралија Опен кој почнува на 17 јануари да бидат целосно вакцинирани, освен ако не постои вистинска причина зошто треба да се даде исклучок.

Ѓоковиќ, Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роџер Федерер се изедначени со по 20 Грен слем титули. Надал ќе се натпреварува во Мелбурн откако ќе се опорави од ковид -19. Федерер нема да биде на турнирот бидејќи продолжува да се опоравува од операцијата на коленото.

Австралија за прв пат гледа десетици илјади случаи на заразени со ковид 19 откако спроведе едно до најстрогите ограничувања на движењето на граѓаните во светот . Над 90 отсто од популацијата на Австралија над 16 години е целосно вакцинирана, но некои луѓе сè уште не можат да патуваат меѓудржавно или глобално поради досегашните мерки.