Во Бугарија во изминатите 24 часа се регистрирани 6.252 нови случаи на коронавирус. Ова е втор најголем број новозаразени лица во еден ден од почетокот на пандемијата во 2020 година, откако на 26 октомври 2021 година беа потврдени 6.816 случаи.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, 14,6 отсто од направените 42.828 тестови биле позитивни на вирусот.
Бројот на новозаболени е најголем во Софија 1.873 година, потоа следуваат окрузите Пловдив со 535 и Варна со 436 новозаразени.
Од вкупниот број новоинфицирани, 73,3 отсто не се вакцинирани.
Во болниците моментно се лекуваат 4.477 лица, а 468 се наоѓаат на одделението за интензивна нега. Од 887 новохоспитализирани, 83 отсто не се вакцинирани.
Бројот на смртните случаи изнесува 157, а од нив 90,45 проценти не биле имунизирани. Во изминатото деноноќие излекувани се 1.340 пациенти.
Во изминатите 24 часа во Бугарија се дадени 24.947 вакцини. Вкупниот број на луѓе кои се целосно имунизирани изнесува 1.921.662.