Северна Кореја најверојатно истрелала балистичка ракета во морето

Резолуциите на Советот за безбедност на ОН забрануваат тестирања на балистички ракети од страна на Северна Кореја

Северна Кореја денеска најверојатно истрелала балистичка ракета во морето од нејзиниот источен брег, соопштија јужнокорејската и јапонската војска. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека Северна Кореја истрелала најверојатно ракета. Министерството не откри дополнителни детали. Јапонската крајбрежна стража најпрвин го пријави лансирањето, велејќи дека тоа би можело да биде балистичка ракета, но исто така не даде дополнителни детали. Лансирањето дојде откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вети дополнително зајакнување на воената способност на земјата.

САД ја повикаа Северна Кореја да престане со ракетните проби

Во говорот на конференцијата на владејачката партија во минатата недела, Ким не спомна конкретно ракети или нуклеарно оружје, но рече дека националната одбрана мора да зајакне. Резолуции на Советот за безбедност на ОН забрануваат тестирања на балистички ракети од страна на Северна Кореја, а се воведени и санкции против земјата поради нејзините програми за оружје. Северна Кореја последен пат тестираше серија ново развиено оружје во периодот од септември до ноември. Тестовите вклучуваа ракети со нуклеарни способни кои би можеле да стигнат до Јужна Кореја и Јапонија.

Едно лице ја поминало строго чуваната граница и од Јужна влегло во Северна Кореја

Од почетокот на пандемијата на ковид-19, Северна Кореја воведе заклучување на границите што ја забавија трговијата и забрани какви било дипломатски ангажмани лично. Администрацијата на Бајден постојано повторува дека е отворена за продолжување на дипломатијата „секаде и во секое време“ без предуслови. Северна Кореја досега ги отфрли таквите предлози. Минатонеделниот говор на Ким не ги спомна напорите на Јужна Кореја да ги обнови преговорите или понудата на САД за разговори без предуслови.