Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на Ковид-19. Најголем број новозаразени има во Скопје – 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1 лице.
Регистриран e 331 оздравен пациент.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: по 3 починати лица од Скопје и Битола, 2 лица од Охрид и по едно починато лице од Прилеп, Велес, Валандово и Струга. Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица. Од пријавените лица, две се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Починатите лица се пријавени со дата на смрт од 23.12.2021 до 02.01.2022г.
Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667.