Поради три случаи на корона, Кина затвори милионски град

илустрација

Градот Јужоу во централна Кина, со население од околу 1,2 милиони, воведe карантин за да го спречи ширењето на коронавирусот по само три регистрирани случаи на инфекција, соопштија тамошните власти.

Инаку сите случаи регистрирани во провинцијата Хенан се асимптоматски.

Покрај основните услуги како што се супермаркетите, ќе бидат затворени и сите јавни објекти, вклучувајќи училишта, јавниот превоз и трговските центри, јавува Си-Ен-Ен.

Оние кои работат во супермаркети, аптеки и други објекти кои ќе работат, ќе мора да поднесат негативен тест за корона вирусот, соопштија локалните власти.

Во Кина се пријавени 108 нови инфекции во три провинции. Пријавени се и 21 асимптоматски случај. Кина евидентира симптоматски и асимптоматски случаи одделно.