Трамп повика на реизбор на Орбан за премиер на Унгарија

Американскиот претседател Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Рузвелтовата сала на Белата куќа во Вашингтон, 13 мај 2019 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека целосно го поддржува Виктор Орбан за време на изборната кампања, оценувајќи дека унгарскиот премиер е „голем лидер, кого сите го почитуваат“. „Орбан ја сака својата земја со сето свое срце и бара сигурност за својот народ“, рече Трамп, повикувајќи на поддршка за унгарскиот премиер на изборите закажани за април.

Орбан: Унгарија нема да ја промени имиграциската политика


Поранешниот американски претседател ја опиша „извонредната“ работа на Орбан за „заштита на Унгарија, спречување на илегалната имиграција и создавање работни места“, додавајќи дека затоа ја има неговата „целосна поддршка“. За време на неговиот мандат, Трамп го прими Орбан во Вашингтон, и покрај критиките од другите европски лидери за односот на унгарскиот премиер кон мигрантите и ЛГБТ луѓето. Од своја страна, Орбан изрази жалење по претседателските избори во САД на кои Трамп загуби, наведувајќи дека Унгарија изгубила „голема меѓународна поддршка“.