Здружението на еколошки организации на Србија, кое е против експлоатацијата на литиумот, за денеска планира нова, тричасовна блокада на патиштата на повеќе локации во земјата. Тоа ќе биде нивната реакција на изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека направил сѐ што побарал народот, но дека проектот Јадар нема да биде стопиран. Претставникот на здружението „Не дамо Јадар“, Златко Кокановиќ, изјави дека планот е да сепочне со блокадите од 13.00 до 16.00 часот.
Вучиќ за договорот со Рио Тинто: Проектот нема да биде повлечен
Тој рече дека Здружението на еколошки здруженија очекува Вучиќ да ја послуша волјата на народот, бидејќи, како што наведе, ја послушал и волјата на луѓето кои излегоа на улица за последните два закони. И Собранието на Слободна Србија ги повика граѓаните денеска да ги блокираат патиштата, бидејќи е против компанијата „Рио Тинто“ да отвори рудник за литиум кај Лозница. „Се собираме за да го спречиме криминалот. Отворањето рудник за литиум во Србија е исто како да ја опустоши нашата земја. Ние што останавме тука нема да дозволиме. Ќе ја спречиме криминалната влада и криминалната компанија да не уништат. Граѓани на Србија, ние ќе успееме ако се кренеме“, се додава во соопштението. „Каде и да се работеше, „Рио Тинто“ остави пустош, болести и смрт“, се додава во соопштението.