Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган разговараа за барањата на Москва до НАТО за решавање на украинската криза. Кабинетот на Ердоган соопшти дека претседателите „разговарале за мерките за подобрување на билатералните односи“. Кремљ пак соопшти дека Путин и Ердоган „ја потврдиле намерата за зајакнување на заемно корисно партнерство меѓу двете земји“. Во соопштението од Кремљ се додава дека претседателите ги споменале и меѓународните прашања, како што се барањата на Москва до Алијансата да ја гарантира безбедноста на Русија, како и ситуацијата во Либија и Сирија.
Турција нуди да посредува меѓу Украина и Русија
Русија и Турција одржуваат партнерство и покрај различните и спротивставени интереси во различни области како Сирија или Либија, каде што се главни играчи. Сепак, меѓу Москва и Анкара има тензии поради украинската криза. Путин неодамна го прекори Ердоган за снабдување на украинската армија со вооружени дронови, кои се користат против проруските бунтовници во источна Украина.
Зеленски - Руската војска не нè плаши
Западните земји со недели се загрижени за можна руска интервенција во Украина. Тие ја обвинија Москва дека акумулира војници на границата со Украина, додека Анкара неодамна ги оцени за „едностраните“ барања на Кремљ упатени до НАТО. Негирајќи го планот за инвазија на Украина, на 17 декември Русија претстави предлози за договор за ограничување на влијанието на Америка и НАТО во нејзиното соседство. Овие предлози ќе бидат разгледани на 12 јануари на состанокот на Советот НАТО-Русија.