Пожар во јужноафриканскиот парламент

Зградата на јужноафриканскиот парламент во Кејптаун.

Пожар изби рано утринава во зградата на јужноафриканскиот парламент во Кејптаун, што предизвика уривање на дел од таванот.

Пожарникарите повеќе од шест часа за борат да го стават огнот под контрола. Чадот од пожарот се гледаше на неколку километри околу зградата.

Засега нема информации за повредени или загинати. Парламентот беше затворен поради празниците.

Првичните информации велат дека пожарот почнал во една од канцелариите на третиот кат, но сè уште не се познати причините.