Цената на парното греење во Скопје од 1 јануари ќе се зголеми за 14 проценти, што значи дека се враќаме на ниво на цената на топлинската енергија од 2018 година, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Компанијата БЕГ претходно најави дека ќе побара поскапување од 300 отсто поради драстично зголемените цени на природниот гас на светските берзи.
„РКЕ како и за цената на електричната енергија, така и за топлинската не може да прифати ценовни шокови“, рече Бислимовски.
Според него, поголемо поскапување само ќе ги влоши состојбите.