Вршителот на должност директор на ЈУ Младински културен центар, Русе Арсов, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата од здравствени причини.
„По три ипол години, премногу љубов, страст и жар –не издржа срце јуначко па од здравствени причини ќе морам самиот да се повлечам од оваа функција. Вчера беше претежок ден за сите нас. Најпрво од медиуми дознавме дека сме криминалци и дека има предлог за тоа да бидеме гонети. А потоа и дека наградата за успешното работење изминатиот период е претставена преку намалување на буџетот за програма за 50 %“, се вели во соопштението.
Тој во него посочува дека во изминативе четири години додека како што вели, ги граделе убавите работи и успеси на МКЦ, се дружеле и со Финансиската полиција, јавното обвинителство и разни ревизии, се ваделе документи и се „уништувале животи “ на крај едно по едно обвиненијата завршувале како неосновани.
„И да, паднавме на Дино Мерлин. Ох судбо клета! Затоа ДА, ве молам слободно затворете го веќе и овој предмет Дино Мерлин. Уверен сум дека нема никаков криминал ни таму, а од последниве години го научивме и гадното чувство на обвинување – па затоа, ајде ве молам,“ вели Арсов во писменото соопштение до медиумите.
„Три“ или сценска приказна за знаковниот како мајчин јазик
Тој се повлекува само од функцијата Вршител на должност Директор, но, останува во МКЦ со цел да го заврши проектот околу одбележувањето на јубилејот „50 години МКЦ“.
„За следниот Директор само да го охрабрам: Не грижи се, МКЦ не е загубар!“, вели Арсов.
МКЦ и покрај пандемијата, кога сериозно беа намалени приходите од влезници и производи, и кога сериозно беа намалени дотациите за режиските трошоци, успеа да ја даде својата поддршка на целата независна сцена и на крај да ги плати сите свои сметки и да забележи позитивно финансико работење, се вели во соопштението.
Дејан Спасовиќ: Уметноста не им припаѓа само на музеите
Новите светови на Чемерска, Мирчевска и Велковски во Галерија МКЦ
Во изминативе три години МКЦ реалзираше кинопроекции на кров на ГТЦ, во Парк, на Езерце како и кино на отворено со проекцијата на „Исцелител“ во Градски парк. Ја спроведе и иницијативата „Култура во време на корона“,која, како што е наведено во соопштението, беше пример и поттик и за другите регионални метрополи.