Кипар со нови антиковид мерки

Илустрација, архивска фотографија

Илустрација, архивска фотографија

Кипар регистрираше негативен рекорд на заболени од ковид-19, откако за само три дена биле над 7.000 нови случаи на Ковид-19. По ова кипарската Влада воведе нови мерки со кои угостителските објекти ќе работат со ограничен капацитет а гостите не смеат да стојат. Потоа забрането е танцување, а за влез во ноќните клубови, како и за просторите во кои се организираат прослави за свадби и крштенки, што се отворени само за вакцинирани, задолжителен е рапид тест, а исклучок се оние кои примиле трета доза. На спортските натпревари дозволени е присуство на гледачи, но со 50 отсто исполнетост, а предвидена е и работа од дома за 40 отсто од вработените.

Во Црна Гора поригорозни услови за влез во земјата од 2 јануари

Од вторник до 15 јануари 2022 година за сите кои пристигнуваат на островот, задолжителен е негативен резултат од ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето, но и задолжителен ПЦР по пристигнувањето, што е на трошок на патниците.

„Последниве денови епидемиолошките индикатори покажуваат сериозно влошување, при што отворена е можноста, во следните денови да се забележи зголемување на приемот на пациенти во државните болници. Стапката на позитивност е над 2,5 отсто, а во последните три дена беа регистрирани 7.168 позитивни случаи, изјави кипарскиот министер за здравство Михалис Џаѕипаделас.

Грција воведува нови ограничувања за коронавирус

Тој посочи дека на Кипар веќе се евидентирани случаи на заразени со варијантата Омикрон и дека се очекува дополнително влошување на епидемиолошка слика.

На Кипар 80 отсто од населението вакцинирано со една доза

Во Кипар е задолжително носење на маска на отворено и на затворено, а министерот им препорача на граѓаните да носат или маска со висока заштита КН95 или двојна хируршка маска, да избегнуваат платнени маски.