Иран- Пративме мисија за истражување на вселената

Иран лансираше ракета со три сателити за, како што тврдат властите, мисија за истражување во вселената, објави иранската државна телевизија. Според објавените информации не е јасно кога точно се случило пријавеното лансирање, каков вид на фрлач бил користен или дали некои објекти успешно влегле во орбитата на Земјата.

Независните сателитски снимки на Иран направени претходно овој месец се чини дека покажуваат дека лансирањето е неизбежно, објави новинската агенција Асошиетет прес.

Портпаролот на иранските воздухопловни сили Ахмад Хосеини изјави дека лансирањето било „мисија за истражување на вселената“.

Европските сили ја истакнаа „итноста“ на разговорите за нуклеарниот договор со Иран

Пријавеното лансирање доаѓа во време на тешки преговори во Виена меѓу Техеран и светските сили за историскиот договор од 2015 година, чија цел е ограничување на иранската нуклеарна програма. Тој договор е под закана откако САД се повлекоа од него и повторно воведоа санкции против Иран во 2018 година.

На 28 декември, европските делегати на разговорите во Виена издадоа заедничка изјава во која се вели дека „јасни сме дека се приближуваме до точката каде што ескалацијата на иранската нуклеарна програма целосно ќе го поништи“ договорот од 2015 година.