СЗО: Варијантата омикрон е најпренослива досега

Илустрација

СЗО соопшти дека во светот биле откриени 6,55 милиони случаи на омикрон, новата варијанта на Ковид-19 во период од 22 до 28 декември, што е највисока бројка од прогласувањето на пандемијата.

Варијантата омикрон е најпреносливата досега и здравствените власти велат дека може да предизвика таканаречени пробивни инфекции кај луѓе кои биле вакцинирани или кои биле претходно заразени.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ги опиша варијантите на делта и омикрон како „близнаци закани“ кои ги зголемуваат случаите на рекордни бројки и доведуваат до скокови во хоспитализацијата и смртнит случаи.

„Многу сум загрижен што омикрон, кој е високо пренослив и се шири истовремено со делта, доведува до цунами случаи“, рече тој на прес-конференција.

Тедрос го повтори својот повик до земјите да ги споделуваат вакцините поправедно и предупреди дека акцентот на трета доза во побогатите земји може да предизвика недостиг во снабдување на посиромашните нации.

„СЗО води кампања за секоја земја да постигне цел од 70 отсто покриеност со вакцини до средината на 2022 година, што ќе помогне да се стави крај на акутната фаза на пандемијата“, рече тој.